сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

„Луѓето станале злобни“: Ѓуришиќ проговори за приватноста и за односот со колегите

„Луѓето станале злобни“: Ѓуришиќ проговори за приватноста и за односот со колегите

Снежана Ѓуришиќ со екипата на телевизија Пинк во емисијата „Премиера“ зборуваше за насловите на весниците и за темите за нејзиниот приватен живот кои воопшто не беа пријатни, но и за нејзините колеги од естрадата.

Снежана се осврна на насловите кои не и се допаднаа и темите за нејзиниот приватен живот кои минатата година ја разбрануваа јавноста.

-Не е работата дали сум го заслужила тоа, туку дали е воопшто пристојно. Како и секое човечко суштество и јас имам право на мојот живот, но и на мојата приватност. Неприфатливо е да се пишуваат такви работи, но среќа е што публиката ја знае вистината и како стојат работите. Многу луѓе станале злобни и нечија среќа повеќе ги нервира отколку што ги радува,  рекла пејачката.

Таа проговори и за колегите.

-Немам пријатели, имам добри колеги. Се гледаме кога се среќаваме службено, ретко се гледаме приватно на некои состаноци и по куќи, јас не сум таков тип, додаде Снежана.

Најнови вести