недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Ги жигосувал девојките? Уапсениот контроверзен милионер е соочен со страшни обвиненија – еве што пишувало на телата на актерките

Ги жигосувал девојките? Уапсениот контроверзен милионер е соочен со страшни обвиненија – еве што пишувало на телата на актерките

Откако беше уапсен во Романија пред повеќе од една седмица, Ендру Тејт (36) е обвинет дека девојките кои ги ангажирал да работат како актерки на веб-камери ги жигосувал со зборовите „Во сопственост на Тејт“.

Во најновите шокантни настани во случајот којшто ги ужасна фановите, со оглед на популарноста на Тејт, полициски извори за „Тајмс“ изјавиле дека тој бил вмешан во банда која се занимавала со трговија за луѓе и насилство.

Весникот објавил и дека трагите од мастило или „жиговите“ биле пронајдени кај Романките кои работеле за групата, како и на телото на 22-годишна Американка која го обвинила Тејт дека ја силувал во 2022 година.

Деловниот партнер на Тејт верува дека „брендирањето“ е причина девојките да бидат – горди, пренесува „Marca“.

Себастијан Виер, деловниот партнер на Тејт сугерирал дека „брендирањето“ не е ништо посебно, во споредба со жените кои гордо носат тетоважи со имиња на нивните партнери.

„Кога имате 100 свои девојки, не мора да терате ниту една жена на ништо“, изјавил Виера за „Тајмс“.

Инаку, однесувањето на Тејт кон жените во најмала рака е проблематично. Тој изнел и некои чудни ставови за жените во изминативе години.

Ендру смета дека на жените исклучиво местото им е во домот, дека жените не треба да возат и дека се во сопственост на мажот. Исто така тој мисли дека жртвите на силување мора да ја „сносат одговорноста“ за сексуални напади. Се фали со тоа дека излегувал со девојки на возраст од 18 и 19 години затоа што тој може да остави „отпечаток“ на нив, откривајќи видеа кои ги објавува на Инстаграм.

Најнови вести