среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Николоски: Последиците од штетните договори допрва ќе се чувствуваат, со Преспанскиот договор не се признава македонски јазик било каде надвор од територијата на Македонија

Николоски: Последиците од штетните договори допрва ќе се чувствуваат, со Преспанскиот договор не се признава македонски јазик било каде надвор од територијата на Македонија

„Последиците од штетните договори допрва ќе се чувствуваат. Иначе едно е пропагандата, а друго е вистината. Пропагандата трае одреден временски период, и после тоа доаѓа вистината. Во однос на јазикот, јас и во разговори со вас пред четири години кога го анализиравме Преспанскиот договор една од работите на која што најмногу забележував беше третирањето на македонскиот народ и македонскиот јазик согласно овој т.н. Преспански договор. Таму членот 7 е јасен, и за жал е на линија на она што го зборуваат сега грчките власти. Имено таму се дефинира македонскиот јазик ограничен само на територијата на денешна Република Македонија, и се забранува да се користи терминот македонски јазик било каде надвор од територијата на Македонија“, истакна Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисијата „Што не е јасно“ на Алфа телевизија.

Николоски додаде дека дури и не се остава можност според членот 7 од Преспански договор дека некој надвор од територијата на Република Македонија може да зборува македонски јазик. И тоа е спротивно на пропагандата на власта.

„Но, ова што сега се случува во Грција е потврда на ова што јас го кажувам и тоа што го пишува во Преспаснкиот договор. И тоа е по мене едно од најголемите проблеми дури и зло би рекол кое што го има во тој договор, за ваквото ограничување на термините македонски народ и македонски јазик“, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој посочи дека него најмногу загрижува што Владата на СДСМ и на ДУИ ги потпиша штетните договори за Македонија и даде право и легитимитет на Владите на Бугарија и Грција да се повикуваат на документи.

Најнови вести