понеделник, 11. март 2024. Вести денес: 0
home Познати

Младата актерка излегла на сцената на Златните глобуси во алкохолизирана состојба, видеата се хит: „Некој нека ѝ донесе малку леб“

Младата актерка излегла на сцената на Златните глобуси во алкохолизирана состојба, видеата се хит: „Некој нека ѝ донесе малку леб“

Актерката од серијата „House of The Dragon“, Мили Алкок, испила некоја чашка повеќе на церемонијата на Златните глобуси, а нејзиното однесување под дејство на алкохол е една од главните теми на социјалните мрежи.

Мили која е позната по улогата на Ренира Таргариен била насмеана од уво до уво и имала мали проблеми со рамнотежата додека стоела до својата колешка од серијата, Ема Дарси.

На социјалните мрежи веднаш се проширија коментари од гледачите кои ја замолиле 22-годишната актерка да касне нешто, додека ја примала наградата за најдобра телевизиска серија, а исечоците од тој момент станаа хит.

„Видеото од Мили Алкок како пијано се кикоти е погледнато повеќе од 100.000 пати за помалку од 2 часа“, „Мили Алкок е толку пијана, ми се допаѓа нејзиното појавување на Златните глобуси“, „Некој нека му донесе малку леб на ова девојче“, се дел од коментарите на социјалните мрежи.

Алкок очигледно одлучила малку да се опушти, а снимките и фотографиите дури и самата ги споделила на својот Инстаграм профил.

Инаку 2022 година беше одлична за младата актерка која се појавува во спин-офот на серијата „Game of Thrones“, а на вчерашната церемонија изгледаше сензационално во црн фустан со сребрени украси и длабоко деколте.

Најнови вести