Од пред два дена, семејството Шаулиќ е побогато за нов член. Синот на Шабан, Михајло и неговата сопруга Марина добија девојче на кое и го дадоа името Мања.
Михајло организираше гала прослава за пријателите и семејството по повод раѓањето на малата Мања, а една од најсреќните беше гордата баба Гоца Шаулиќ.
Таа откри дека и во овие најсреќни моменти не го заборава својот покоен сопруг, кој би бил пресреќен да го види сето ова.
-Благодарам за честитките. Бев во болница со кумовите на Михајло, а подоцна дојде сестрата на Марина. Бевме пред сала, го видовме малото девојче, пресреќна сум. Посебно ми е драго што Михајло се оствари во улогата на татко, се ожени, а сега има мало девојче. За жал, Шабан не го дочека раѓањето на својата внука, но она што ме радува е што се помина како што тој би сакал, изјавила Гоца.