понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Тетовецот бил осуден до 2040 година: Затворското возило пресретнато од сиво „Ауди“, спроводот бил без полициска придружба

Тетовецот бил осуден до 2040 година: Затворското возило пресретнато од сиво „Ауди“, спроводот бил без полициска придружба

 

Вонредна инспекција во затворот „Идризово“ најавува Управата за извршување санкции откако доцна синоќа избега осуденик на затворска казна од 21 година.

Денеска се огласија и од Управата за извршување санкции од каде официјално соопштуваат детали за настанот.

-Околу 23:20 часот при спровод на осуденото лице Б.М (36) од КПУ Идризово во Ургентниот центар ,,Мајка Тереза“ поради повреда на десната рака, на автопатот кон Скопје кај бензиската пимпа на Лукоил, службеното возило било пресретнато од возило марка „Ауди” со сива боја без регистерски таблички кое им го блокирало патот. Осуденото лице во тој момент му го одзел службениот пиштол од футрола на затворскиот полицаец И.Х. кој го возел комбето, пукал во него и го повредил во долниот дел на стомакот. Поради повредата, возачот го запрел возилото, а осуденото лице се дало во бегство со патничкото возило „Ауди”, се наведува во соопштението.

Вработените во затворската полиција го пријавиле случајот во СВР Скопје. Повредениот затворски полицаец е префрлен во болница на натамошно лекување, а со учесниците на настанот извршени се разговори од страна на надлежните на МВР. Издадена е наредба за распишување на централна потерница.

-Управата за извршување на санкции ќе направи вонреден надзор во КПУ Идризово и за сите утврдени неправилности ќе преземе соодветни мерки со цел да се утврди зошто не била обезбедена полициска асистенција за спровод до болница. Воедно ќе се утврдува дали постои одговорност за организацијата на спроведувањето на осуденикот како и за пропустите кои довеле до ваква разврска на целиот настан.

Осуденото лице Б.М од Тетово бил осуден на вкупна казна од 21 година затвор , од кои 19 за убиство и 2 за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори. Казната ја издржува од 28.12.2020 година а истекува на 17.04.2040 година, се наведува во соопштението.

Најнови вести