четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Поплавен дуќан на главната улица во Велес

Поплавен дуќан на главната улица во Велес

Во Велес вечерва од 19:15 часот имаше прекин во водоснабдувањето на улицата „Благој Ѓорев“ бр. 66, каде поради дефект беше поплавен дуќан.

На местото интервенираше дежурната екипа на ЈКП „Дервен“ и пожарникари од ТППЕ Велес со две противпожарни возила.

-Интервенцијата заврши во 20:10 часот, информираат од ТППЕ Велес за МИА.