петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Пејачката не можела да ја паузира кариерата, го остави вереникот, а тој остана со скршено срце

Пејачката не можела да ја паузира кариерата, го остави вереникот, а тој остана со скршено срце

Пејачката Мајли Сајрус и нејзиниот вереник, актерот Лијам Хемсворт ја раскинаа веридбата иако овој пат навистина беа на чекор до олтарот. Иако не е прв пат да прекинат, сега односот меѓу нив навистина е завршен.

Парот се вери во 2012. година, а бидејќи пејачката не била подготвена за следниот чекор, секој од нив продолжи по својот пат.

-Постојано го одложуваше бракот и децата, а тој навистина сакаше семејство. Се караа и на крајот прекинаа. Сите видеа каде води неговиот притисок, но тој е прилично изненаден од нејзиното заминување. Навистина е скршен, изјавил неименуван извор за магазинот „ОК! Австралија“.

Пејачката (25) и актерот (28) се верија одамна, па прекинаа, па се смирија, па повторно  се раздвоија, но последен пат кога се верија двајцата изјавија дека тоа ќе биде „засекогаш“.

Најнови вести