четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Стоилковски: Јавно го прашуваме Таравари да каже кој е тој меѓународен фактор што бара Алијанса да влезе во Владата

Стоилковски: Јавно го прашуваме Таравари да каже кој е тој меѓународен фактор што бара Алијанса да влезе во Владата

Почитувани, јавно прашуваме Таравари да каже кој е тој меѓународен фактор што бара Алијанса да влезе во Владата, истакна Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ одговарајќи на новинарско прашање каде се бара коментар од ВМРО-ДПМНЕ за изјавата на Таравари каде што вели дека меѓународен фактор барал тој да влезе во Владата.

Стоилковски додаде дека Таравари треба јасно и гласно да одговори на јавноста кој е тој меѓународен фактор што бара Алијанса да влезе во Влада. А, доколку не каже Таравари тоа значи дека има друга причина зошто сака да влезе во Владата.

-Доколку Таравари премолчи и не каже значи дека Таравари не е искрен и има друга причина зошто сака да влезе во Владата, нагласи портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести