Проектот „Мој општинар“ во општина Кавадарци има за цел да ги доближи граѓаните поблиску до општината.
Преку проектот хорт и културно се озеленија на 30.000 метри квадратни, поставени се 1100 метални столбови за побезбедно движење на пешаците, реновинирани 25 детски игралишта, поставени се детски реквизити на 5 нови локации.
Преку „Мој општинар“ поставена е нова урбана опрема во сите реиони во општина Кавадарци и исчистени се над 20 диви депонии.
Континуирано се одвива акцијата „За чисто и убаво Кавадарци“ со ангажирање на волонтери.
„Мој општинар“ постои веќе 8 месеци, а тие се сведок за функционалноста на овој проект.