среда, 15. ноември 2023. Вести денес: 0
home Технологија

Дали заврши крипто-зимата? Биткоин скокна за 25 проценти, сега е над 21.000 долари

Дали заврши крипто-зимата? Биткоин скокна за 25 проценти, сега е над 21.000 долари

Биткоин „биковите“ се вратија. Откако беа погодени од загуби во поголемиот дел од минатата година, Биткоин и другите криптовалути зајакнуваат во 2023-та година, што поттикнало шпекулации дека таканаречената крипто-зима е завршена.

Биткоин, најпопуларната криптовалута на светот, порасна за 25 проценти, растејќи над 20.000 долари прв пат од ноември, кога имплозијата на трговската платформа на Сем Бенкмен-Фрид, „FTX“, предизвикала шокови во целата индустрија. Етериум, втората најголема криптовалута, пораснала за повеќе од 30 проценти во минатиот месец, тргувајќи се над 1.500 долари во понеделникот.

Биткоин од ова утро вреди 21.119 долари, а Етериум 1.563 долари. Етериум само во саботата добил речиси 10 проценти вредност. „Вол Стрит е многу уверен дека крајот на заострувањата на ФЕД е пред нас и тоа пружа основна поддршка за криптовалутите“, напишал Ед Моја, аналитичар на пазарот.

„Освен ако не слушнеме силен притисок од ФЕД, или ако цените на стоката пораснат, трговците со криптовалути не би требало да бидат изненадени ако Биткоин биде во состојба да продолжи со своите неодамнешни добивки“, смета тој.

Биткоин го достигна својот пик пред повеќе од една година, во ноември 2021-ва година, кога вредеше околу 69.000 долари. Пред два месеци, кога заразата на „FTX“ го зафати пазарот со дигиталниот имот, Биткоин падна на двегодишниот минимум од 15.480 долари.

Додека американските пазари за акции и обврзници беа затворени во понеделникот на Денот на Мартин Лутер Кинг, со криптовалутите се тргува 24 часа дневно, седум дена во неделата.