четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

„Не знам дали некогаш повторно…“: Холивудскиот заводник со една реченица ги скрши женските срца

„Не знам дали некогаш повторно…“: Холивудскиот заводник со една реченица ги скрши женските срца

Познатиот актер Чанинг Тејтум искрено проговори за бракот и разводот со Џена Деван во неодамнешното интервју за магазинот „Vanity Fair“.

Во таа прилика тој истакна дека целата ситуација била застрашувачка и дека моментално не размислува за потенцијален брак.

„Не знам дали некогаш повторно ќе се оженам“, изјави актерот, кој моментално е во врска со Зои Кравиц, додавајќи дека поврзувањето со луѓе му е тешко.

„Кога е работата во прашање, не се плашам дека ќе направам нешто за што ќе зажалам. Меѓутоа, кога се во прашање емоциите, особено кога се во прашање луѓето што ги сакам, во тие случаи не сум баш сигурен дека ќе направам сè како што треба и премногу се трудам околу тоа“, објасни 42-годишниот актер.

Најнови вести