четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Николов: Нема контрола на третманите на пациентите со недокажани методи

Николов: Нема контрола на третманите на пациентите со недокажани методи

Претседателот на Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Николов вели дека нема контрола на третманите на пациентите со недокажани методи кои не се засновани на медицина базирана на докази, а можат да бидат и штетни.

Николов во гостувањето во Радио Лидер истакнува дека тие не се контролирани од страна на надлежните инспекторати, а притоа пациентите плаќаат големи суми.

-Контролата треба да ја врши ДСЗИ, а со оглед дека има наплата треба да се контролира и од Пазарниот инспекторат. Недозволиво е плаќање на баснословни суми за недокажани третмани и притоа нема каде истото да се пријави. Сите овие активности треба да се направат напори за да се контролираат, и во Светот има шарлатанизам и се прават обиди за да се вршат контроли, посочи д-р Николов.

За важноста за компетентноста на кадарот тој одговори дека на секое ниво почнувајќи од болничар, медицинска сестра и за докторите важно е да се соодветно обучени. Како пример ја посочи улогата на болничарот.

– Ако тој болничар не пружи соодветна нега како што треба, се загади раната или се загади елиминирањето на физиолошките, патолошките течности или не го знае точниот принцип на работа, ќе има проблем. Со оглед дека медицината е тимска работа, важна е секоја алка и токму затоа е важна компетеноста. Токму затоа ние треба да се бориме за компетентност и врз основа на тоа да ги вработуваме, како и преку доедукации, вклучување во тимови кои ќе помогнат, целата оваа постапка може да се заокружи и адаптира, нагласува докторот.

Николов посочи дека ако се земе во предвид дека буџетот за здравството е скратен, јасно е дека здравството не е приоритет.

– Скратен е буџет за програми кои се важни како на пример Програмата за малигни заболувања и други превентивни програми, заклучи д-р Николов.

Најнови вести