Пејачот Марко Булат гостуваше во емисијата „Ново утро“ на ТВ Пинк.
По тој повод зборуваше за својата 30-годишна кариера, но и за новите песни и истакна дека експериментира и се прилагодува на новите трендови.
За разлика од колегите, тој нема толку лошо мислење за младите пејачи, напротив, дури ги пофали дека имаат некои квалитетни работи.
-Флертувам со новите трендови, после 30 години кариера сам ја напишав песната „Гугл“. Тоа е песна чисто за да стапиме во контакт, да ги слушаме трендовите, публиката, која слуша трап музика. Има квалитетни работи и во таа музика, рече Булат.