понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Кусакатска: ДА ГО СПРЕЧИМЕ ИСЕЛУВАЊЕТО!

Кусакатска: ДА ГО СПРЕЧИМЕ ИСЕЛУВАЊЕТО!

Колумна на Весна Кусакатска,  член на Комисија на ВМРО-ДПМНЕ за образование и наука.

Трендот на иселувањето од Македонија од ден на ден зема сѐ поголем замав. Се одливаат „мозоци“,заминуваат инженери, доктори. За жал се одливаат и ,,раце“, сѐ повеќе квалификувани мајстори својата иднина ја гледаат во некоја западна земја.

Некогаш на печалба оделе само татковците, ,,главата“на семејството, за да заработат и да обезбедат поубав живот за оние кои ги оставиле во својот роден крај, коишто со години не ги гледале, макотрпно работеле и живееле во неизвесност кога и дали воопшто ќе се вратат. Поради ваквата неизвесност, тешка била разделбата со семејствата. Кога Костадин во ,,Печалбари“ се разделува од Симка, со насолзени очи вели: „Ех, Симке, Симке!!! Тажна и неизвесна разделба.

Денес и Костадин и Симка и нивните деца се иселуваат заедно. Сѐ почесто цели семејства одлучуваат да заминат заедно во потрага по сигурна работа и подобри услови за живот, но не за да заработат и да се вратат, туку да останат каде што заминале.

Сѐ повеќе го губиме работоспособното население, а иселувањето ќе доведе и до директни последици на демографскиот развој на државата.

Како да го спречиме тоа? Како да ги задржиме младите?

Прво, што побргу треба да се соочиме со сериозноста на овој проблем. Оваа држава, Република Македонија,ќе има надеж за својата иднина. Македонија ќе се исправи,ќе одбере иднина.

Што треба да сториме?

Да го донесеме,,западот“овде,да им го вратиме оптимизмот на младите.Да им ја вратиме вербата во институциите. Да ја направиме Македонија, земја која прилега на оние земји каде што младите најмногу милуваат да заминат.

Целосно да ја демократизираме државата.Политиката да ја направиме оружје во рацете на граѓаните,а не причина за прекуграничен егзодус.Да го заборавиме зборот непотизам,зборот,,врски“ и други слични на нив.

Да направиме план за инвестиции и работни места, да ја стимулираме сигурноста на работното место.

Да воведеме стручно усовршување за учениците и студентите во завршната година од своето школување. Со тоа пазарот на трудот би се прилагодил и навикнал на примање и стручно усовршување на кадри кои ќе стекнат големо искуство пред стекнување на својата диплома.

Да ги задржиме децата со развивање на ИТ, да вложуваме во истражувањето и развојот,во науката,во иновациите, образованието,но и во култрата.

Да направиме суштински и структурални промени во општеството за да ги задржиме младите во својата држава,но и за да ги мотивираме да се вратат оние кои веќе заминале. Затоа што и ним не им е лесно далеку од овде. Ние, Македонците како народ сме емотивни,се врзуваме, поинаку гледаме на животот и сакаме да уживаме во него.Иако западот им овозможува подобри услови за живот,сепак не може да им го овозможи комфорот и сигурноста,како што тоа го може градот од кој потекнуваат, семејството, пријателите…

Да ја спасиме и унапредиме оваа земја, Република Македонија!

Да ја направиме земја која подава рака на оние што вредат,земја која ќе носи прогрес и ќе обезбедува иднина.

Да создадеме земја во која може да се дише и во која може да се живее.

Да создадеме услови овој тренд на исрлување да се намали,затоа што не само стандардот и парите се на прво место,туку и правната држава и чувството за перспектива,која оваа власт полека,но сигурно го гаси.

Македонија тоне со оваа власт.Владата се задолжува со брзина на светлината,државните пари се повеќе завршуваат во џебовите на поединци,криминалот и корупцијата се на цена.

Оваа Влада мора да падне и ќе падне за да се исправи Македонија!

 

Најнови вести