четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Костовски: Ќе се асфалтираат 35 улици во Бутел

Костовски: Ќе се асфалтираат 35 улици во Бутел

Градоначалникот на Општина Бутел најавува голема градежна офанзифа во делот на уличната инфраструктура на територија на Општина Бутел. Одреден број на улици за прв пат ќе добијат асфалт, додека одреден број оштетени улици ќе бидат целосно реконструирани.

-Убеден сум дека веќе докажавме наша врвна цел е интересот на граѓаните, затоа во оваа градежна офанзива ќе бидат опфатени улици во сите населени места. Со оваа динамика на работа во делот на уличната инфраструктура Општина Бутел до крајот на мојот мандат нема да има неасфалтирана улица, додека најголем број од оштетените улици ќе добијат нов асфалт.

Асфалтирањето ќе се одвива во две фази, првата ќе започне за многу скоро, втората веднаш кога ќе биде готова проектната документација која е во тек.

Реализараме повеќе од ветеното, вели Костовски.