четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Почеток на вториот циклус на програмата „Суперучилишта“

Почеток на вториот циклус на програмата „Суперучилишта“

Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO) денеска  ќе го отвори официјално почетокот на вториот циклус на  „Суперучилишта“ – програма за училишна размена во регионот со цел да се поддржи процесот на градење мир и помирување и интеркултурното учење и дијалог меѓу училиштата, учениците и нивните заедници.

– Програмата е дел од мултидонаторскиот проект „Програма за размена на училишта во Западен Балкан“ кофинансиран од Европската Унија и германското Сојузно Министерство за економска соработка и развој (BMZ) и имплементиран од Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit (GIZ) заедно со Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO), соопшти организаторот на нстанот. 

Најавени се поздравни обраќања на министерот за образование и наука Јетон Шаќири, шефот на Делегацијата на Европската Унија во земјава Дејвид Гир, заменик-амбасадорот на Сојузна Република Германија Ото Граф, директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски и раководителот на локалната канцеларија во Северна Македонија, Владимир Ѓорѓевски.

Присутни гости ќе бидат професорите и наставниците од училиштата кои се грантирани во овој циклус. 

Најнови вести