понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Во Скопје казнети 148 возачи, еве какви прекршоци направиле

Во Скопје казнети 148 возачи, еве какви прекршоци направиле

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (25.01.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 148 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 17 санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, 12 санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло).

Изречени се 14 санкции –  пет санкции за користење мобилен телефон при возење, пет мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, четири санкции за возење под дејство на алкохол…

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.