четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Во кои делови од Македонија има врнежи од снег?

Во кои делови од Македонија има врнежи од снег?

Слаби врнежи од снег, кои не претставуваат проблем за сообраќајот, има во Тетово, Попова Шапка, Маврово, Стража и Крушево, информира АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Најнови вести