четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Демерџиев му предаде на Спасовски документирани закани против Пендиков

Демерџиев му предаде на Спасовски документирани закани против Пендиков

Иван Демерџиев, министерот за внатрешни работи на Бугарија, на денешната средба со неговиот македонски колега Оливер Спасовски му предал, како што рече, документирани закани од македонски државјани упатени до Христијан Пендиков, секретарот на бугарскиот клуб од Охрид додека овој лежел претепан и хоспитализиран во Софија.

„Предадов документи и изјави од Пендиков за закани ги добивал додека бил во болница и добив убедување дека таквите лица ќе бидат исправени пред органите на правдата“, рече Демерџиев на денешната прес-конференција во Скопје.

Спасовски рече дека истрагата за претепувањето на Пендиков се проширува и во тек е потрага по други инволвирани лица.

„Имаме едно лице за кое е определена мерка притвор и се постапува по ширење на истрагата по овој случај. МВР за сите случаи постапува подеднакво за виновниците да бидат изведени пред лицето на правдата и да бидат санкционирани. Нашата крајна цел е да се обезбеди сигурност за сите граѓани и лица на територијата на Северна Макеоднија“, порача Спасовски.

Двајцата министри пред медиумите рекоа дека превземени се сите мерки за луѓето кои ќе дојдат од Бугарија нема да предизвикаат провокации и несакани настани.на 4 февруари на чествувањето на рагањето на Гоце Делчев.

Демерџиев рече дека ќе дојдат посетители од Бугарија, но само да му оддадат почит на Гоце Делечев без да се однесуваат непристојно, додека Спасовски изјави дека македонската полиција ги превзема сите неопходни мерки и ќе се обезбеди чествување како што доликува на нашиот великан.

Најнови вести