недела, 24. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Саем за мебел од 29 март до 2 април

Саем за мебел од 29 март до 2 април

„Саемот за мебел”, ќе се одржи од 29. март до 2. април во комплексот Борис Трајковски. Саемот ќе го користи целокупниот внатрешен затворен капацитет, како и монтажни објекти кои ги задоволуваат критериумите на саемско претставување. Просторот ќе биде соодветно адаптиран по највисоки стандарди.

Саемското претставување ќе трае 5 дена, на кое се очекува бројни домашни производители на мебел да ги претстават своите најнови изданија, како и интернационални брендови, кои се присутни на пазарот преку нивните застапници.

Саемот на мебел е една од најатрактивните манифестации поради концептот сè на едно место и поради оригиналните идеи за уредување на домот.

Скопски саем ги најавува и следните два саеми во пролет:

“САЕМОТ НА КНИГА” исто така ќе се одржи во пролетниот термин од 04. до 10. мај 2023 и ќе го одбележи својот 35-ти јубилеј на одржување.

Во периодот од 7. до 9. јуни 2023 ќе се одржи и “САЕМОТ ЗА ТРАНСПОРТ” каде ќе бидат претставени товарни и комерцијални возила пред деловната публика.

Најнови вести