среда, 15. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Том Круз е најплатен актер: Еве колку заработува за само ЕДЕН изговорен ЗБОР

Том Круз е најплатен актер: Еве колку заработува за само ЕДЕН изговорен ЗБОР

Холивудскиот актер Том Круз го крена светот на нозе со улогата во филмот „Топ Ган“, а потоа и со „Невозможна мисија“.

Круз најчесто можеме да го видиме во акциони филмови, а како што пренесува веб-страницата Casumo, се проценува дека Круз заработува 7.091 долар по изговорен ЗБОР, односно 205.639 долари за 10 секунди дијалог.

На второто и третото место на оваа листа се Курт Расел со 5.682 по збор и Џони Деп со 4.877 долари по изговорен збор.

Кај жените, Камерон Дијаз, сега пензионирана, води со 4.637 долари по изговорен збор, пред сѐ, благодарение на филмот „Лоша учителка“.

Она што е интересно е што тука не е вклучен филмот „Топ ган: Маверик“, па се верува дека Том Круз отишол уште понапред од колегите по заработка, пренесува „Н1“.

Најнови вести