понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Стефковски на протест заедно со граѓаните на Автокоманда

Стефковски на протест заедно со граѓаните на Автокоманда

Вечерва во Урбаната заедница Автокоманда се оддржа граѓански протест на кој на покана на граѓаните се приклучи и обрати градоначалникот Бобан Стефковски.

За протестот градоначалникот Стефковски објави на својата официјална страна на фејсбук на која напиша:

Барањата на граѓаните на Автокоманда се и мои барања.

Вечерва на повик на граѓаните се приклучив на граѓанскиот протест на жителите на Автокоманда.
Неможе Владата и АД Енергетика да го променат снабдувачот со топлинска енергија во Автокоманда без да ги прашаат корисниците

Очекувам да се прифатат барањата на граѓаните и АД Енергетика повторно да биде снабдувач за домаќинствата во Автокоманда – напиша Стефковски.