Општина Кавадарци денеска објави јавен повик за прибирање на апликации за финансиска поддршка од буџетот за 2023 година, наменета за спортски клубови и здруженија, општински и училишни сојузи, како и поддршка на манифестации, турнири и проекти во областа на спортот од интерес на општината Кавадарци.
– Средствата се наменети за сите што го поттикнуваат и унапредуваат соодветниот спорт, ја реализираат утврдената програма за развој на спортот, ги усогласуваат и координираат програмските активности на здруженијата, го организираат и спроведуваат системот на натпревари, се грижат за унапредување на стручната работа и усовршување на стручните кадри, се грижат за унапредување на младите, велат од локална самоуправа Кавадарци.
Оттаму нагласуваат дека Општината и понатаму, како и досега, ќе го поддржува спортот како здрав начин на живот.