СДС и ДУИ не само што молчат за познатите бегства од затвор, туку и кријат дека има ново бегство од Идризово. По она крваво сценарио пред две недели и наводно преземање мерки, нов бегалец од Идризово. Целосен дебакл, ова денеска преку прес-конференција го истакна Наум Стоилковски.
-Ова повеќе не е систем за казна и ресоцијализација, ова е целосно мафијашко решето. СДС и ДУИ мора да сносат одговорност за оваа состојба. Министерство за правда мора да сноси одговорност за епидемијата од бегства од затвор. Очигледно ова е добро организиран мафијашки систем, којшто не би можел да функционира без поддршка од власта. Се работи за организирана банда. Очекуваме одговор од Владата. Нема веќе простор за криење и молк. Дали зад бегството повторно стои партиската парамилиција на СДС вработена во затворите? Дали избеганиот со иницијали Р.К. , етнички Албанец, кај себе поседува фото албум овојпат за блискост со ДУИ? Дали се работи за организирана група блиска до ДУИ?, прашува Стоилковски.
Тој додава дека затворите станаа одморалиште, сиот систем се претвори во гротеска, СДС и ДУИ го претворија правото во баналност.
-Секој што има врска со нив излегува кога сака. Затворите очигледно служат само за неистомислениците на СДС и на ДУИ, вели Стоилковски.