вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Меџити: Правејќи акробации за 80, можеби нема да има ни 61 пратеник за уставни измени

Меџити: Правејќи акробации за 80, можеби нема да има ни 61 пратеник за уставни измени

Во време кога власта има 64 пратеници, за да го спаси Артан, зема пратеници од опозицијата, што значи дека Алијанса е за Артан, а не за Европа. Правејќи акробации за 80, можеби немаме ни 61 пратеник. Сега за Европа ќе одат со Арбен Таравари, кој до вчера беше со Москва и со Левица. За да се изгласаат уставни измени потребни се уште шест пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, но и тоа не е сигурно, па ќе треба да се обезбедат уште со нова акробација, рече потпретседателот на ДУИ и член на „огнената група“, Изет Меџити од средбата со партиски членови и симпатизери во Гостивар.

Членови на т.н. „огнена група“ од ДУИ синоќа одржаа средба со партиски членови и симпатизери во Гостивар, од каде уште еднаш изразија незадоволство од резултатите на извршната власт на ДУИ во Владата на чело со Артан Груби како прв вицепремиер.

Меџити уште еднаш го изрази незадоволството од Артан Груби како прв вицепремиер во Владата и го повика лидерот на ДУИ, Али Ахмети, да го свика Централното собрание за да се види кој треба да си оди, а кој да остане.

Најнови вести