четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Српска пејачка прогласена за најпозната проститутка, таа гордо се огласи

Српска пејачка прогласена за најпозната проститутка, таа гордо се огласи

Трансродовата српска пејачка Електра Елит швајцарските медиуми ја прогласија за најпопуларна и најпозната проститутка.

Весникот „20 минути“ во Швајцарија посвети дури и насловна страница и долг текст за популарната трансродова српска пејачка, која отворено и легално ја практикува најстарата професија во Швајцарија. Таа сега проговори и гордо реагираше на оваа вест.

-Ова е неверојатно, повици и пораки доаѓаат од сите страни. Знам дека луѓето се заинтересирани за мојот живот, но не верував дека ќе има таква сензација во Швајцарија. Само сум искрена и кажувам како што е, па разговарав за се со новинарите од Швајцарија, рече Електра.

Да потсетиме, споменатиот весник стапил во контакт со Електра и направил приказна со неа, а најголемо внимание привлекла нејзината основна професија, а тоа е проституцијата.

Како што се наведува во текстот, покрај тоа што заработувала илјадници евра неделно, Електра била прогласена и за најгласниот борец за правата на ранливите малцинства.

Познати се многу детали кои Електра ги откри во јавноста: од нејзината цена до различни клиенти.

Нејзината приказна е тема за која денес постојано се зборува во Швајцарија. Интересно е и тоа што Електра доби нов прекар „Кралица на тротоарите“.

Најнови вести