четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Во Куманово на три различни локации запалени оџаци

Во Куманово на три различни локации запалени оџаци

Кумановската противпожарна единица изминативе 24 часа гасела пожари на три запалени оџаци, соопшти денеска Rегионалниот центар за управување со кризи Куманово.

Оџак на семеен дом горел во село Љубодраг вчера по 21 часот, за половина час го изгасиле тројца пожарникари со едно противпожарно возило.

Од 22:45 до 23:15 часот, пожаринкарите гаселе пожар на запален оџак на куќа во населбата „Карпош“. Претходно, кумановските пожарникари интервенирале и на улицата „Народна Револуција“ каде гаселе пожар на запален оџак од 10:55 до 11:15 часот.