вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Повик за пријавување за стипендиска програма за собраниски службеници од Западниот Балкан во австрискиот Парламент

Повик за пријавување за стипендиска програма за собраниски службеници од Западниот Балкан во австрискиот Парламент

Европскиот фонд за Балканот објави повик за пријавување за стипендиска програма во австрискиот Парламент за државни службеници од земјите од Западниот Балкан.

Стипендиската програма, финансирана од австрискиот Парламент, е наменета за јавните службеници кои работат во администрацијата на собранијата на Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија и Црна Гора.

Програмата за стипендија за собранискиот персонал ја воспоставија австрискиот Парламент и Европскиот фонд за Балканот во 2019 година. Тоа беше со цел да се зајакне парламентарната демократија на Западниот Балкан. По успешната завршна пилот-фаза, донесена е одлука да се продолжи соработката под покровителство на австрискиот Парламент. Целта на оваа иницијатива е поддршка за државите на Југоисточна Европа на нивниот пат кон Европската Унија.

Во рамки на програмата, парламентарниот персонал од шесте земји од Западен Балкан, има можност во период од шест недели, колку што трае посетата, да се запознае со работата на Парламентот на Австрија, но и да се вклучи во соработката во рамки на различни области. Програмата им овозможува на стипендистите единствена прилика да стекнат знаење за работата и праксите на австрискиот Парламент, како и да следат и да учат од административниот персонал и професионалци за различни аспекти од нивната работа.

Пријавата за третото издание на стипендиската програма трае до 15 февруари, а првата група стипендисти се очекува да замине во Виена наесен оваа година.

Најнови вести