По брутална пресметка со сопствената сестра Едита, пејачката Инди Арадиновиќ доживеа нова голгота – пукна силиконот во нејзините гради, поради што мора итно да се оперира.
Таа и самата потврди дека не се работи само за озборување.
-Сè што слушнавте е вистина. Одам на итна операција. Силиконот ми пукна, а во исто време се излизга, изјави Инди за „Блиц“ и додаде:
„Со оглед на тоа што веќе го менувам силиконот, ќе ги зголемам и градите за една големина“.
Да потсетиме, пејачките и сестрите Едита и Инди Арадиновиќ ја шокираа јавноста кога се појави видео од нивната брутална физичка пресметка. Двете се степале и клоцале среде улица додека непознат млад човек ги разделил. На крајот во кавгата се вмешала мајката на пејачките, која успеала да ги раздели ќерките.