среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Денес добива само комплименти за изгледот, но кога била дете ја навредувале: Мирка откри дека трпела психичко насилство

Денес добива само комплименти за изгледот, но кога била дете ја навредувале: Мирка откри дека трпела психичко насилство

Актерката Мирка Васиљевиќ денес живее мирен, семеен живот и ужива во улогата на мајка и сопруга, а во една прилика за локалните медиуми откри дека претрпела големи непријатности на рана возраст.

Покрај бројните убави моменти, Мирка не крие дека во еден момент била жртва на врсничко насилство.

Имено, некои нејзини врсници во училиштето често ја задевале дека е „глупава и лоша“, поради што во еден момент морала да побара стручна помош.

-На пет години почнав да се занимавам со манекенство, а потоа бев и водителка, а веќе кога влегов во прво одделение, малку се разликував од другите деца – секогаш сакав да се облекувам малку поинаку, можев да презентирам нешто необично. Бев поинаква од децата затоа што веќе одев на фолклорни претстави, поради што добивав секакви навреди на моја сметка – дека сум селска девојка, дека играв во опинци… Но мојот живот секогаш ги негираше, затоа што одев на турнеја во Мексико на месец ипол, се присетила актерката за Pink.rs.

Најнови вести