недела, 10. декември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Без струја делови од Петровец, Студеничани, Бутел и Карпош

Без струја делови од Петровец, Студеничани, Бутел и Карпош

Без струја денеска ќе бидат повеќе места во општините Петровец, Студеничани, Бутел и Карпош, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Во период од 14 до 15 часот без струја ќе бидат корисниците од Катлановска Бања (општина Петровец), а во период од 08:30 до 14 часот, корисниците од село Морани, ТС Конзерва Еџпорт 2 и 1, ТС Сабри и ТС Сепарација (општина Студеничани).

Корисниците од улица „Александар Урдаревски“ број 15 кои се дел од друштвото Скопски пазар Бутел (општина Бутел) ќе немаат струја од 8 до 15 часот, а корисниците од дел од улица „Леринска“, „Ловќенска“ и „Стрезова“ (општина Карпош) од 9 до 13 часот.