На денешен ден пред точно пет години почина Небојша Глоговац (49). Зад причината за смртта стои дека тој доцна ги почувствувал симптомите на рак на белите дробови.
Актерот болеста го зафати за само два месеци. Агресивниот рак кој му се „родил“ во белите дробови, брзо метастазирал и му го нападнал црниот дроб, поради што и покрај сите напори на лекарите не можел да биде опериран.
Покојниот актер прерано си замина, а зад себе ги остави неутешната сопруга Милица и ќерката Сунчица, како и синовите Гаврило и Милош.
Сопругата на Небојша Глоговац, Милица, еднаш на социјалните мрежи објави фотографија која е направена на денот на нивната венчавка.
Во нивното сеќавање се покажува силна емоција, која живее и денес, а беа во тесна прегратка, полна со љубов. Милица блесна во бел фустан, а на тој ден и најблиските посведочија колку нивната љубовна приказна била како од бајка.
Сопругата на Небојша Глоговац гостувајќи во една емисија откри што би сакала да и каже на својата ќерка за нејзиниот татко.
-Сакам да го одвојам неговиот лик и дело од она што бевме, но секако со задоволство би и рекла на ќерка ми: „Ова е улицата што го носи името на татко ти“. Тоа би било убаво. Тој го заслужува тоа и сигурнa сум дека сите мислиме дека го заслужува тоа. Треба да негуваме подобри и потрајни вредности. Тој е херој и легенда, важен пример за младите. Тој беше и останува таков. Верувам дека добрите дела живеат, рече Милица Глоговац.