сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

ДАЛИ СТЕ ЗНАЕЛЕ? Луѓето на овие години се најсреќни

ДАЛИ СТЕ ЗНАЕЛЕ? Луѓето на овие години се најсреќни

Истражување во Велика Британија покажа дека луѓето во просек се најсреќни во 16 и 70 година во животот.

Тинејџерите во однос на младите возрасни личности имаат подобри резултати на сите тестови на субјективно чувство на среќа, покажуваат податоците кои британската влада ги собра во последните 7 години.

Трендот на изразување на субјективно чувство на среќа повторно станува воочливо од средината на педесеттите години од животот и првите години во заминувањето во пензија. Многу пензионери се посреќни од повеќето луѓе кои се на возраст во 20-тите години од животот.

Позитивното влијание на среќата имаат факторите како финансиската сигурност, здравјето и емотивниот живот.

Во истражувањето е потврдено дека во просек жените се посреќни од мажите.