Денеска, после неколку дневни подготовки, реновирање и адаптација на ново живеалиште за семејството Двогрби камили, истите беа префрлени во посоодветни услови за нивна благосостојба.
Таткото Карло, мајката Мираи и синот Буби, со голема професионалност и љубов од тимот кој постојано се грижи за нив, беа префрлени во новото живеалиште.
Посетителите уште од утре можат да ги посетат овие жители на Зоо- Скопје во новиот дом.