среда, 27. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Трипуновски од Балинци: Ситуацијата е повеќе од алармантна, зелката се откупува по мизерни 4 денари за килограм, а самата производна цена е 10 денари

Трипуновски од Балинци: Ситуацијата е повеќе од алармантна, зелката се откупува по мизерни 4 денари за килограм, а самата производна цена е 10 денари

Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ денеска беше во посета на Балинци од каде вели дека актуелната состојба со откупот на зелката е очаен.

„Денеска сум во Балинци, Валандово, на средба со земјоделците од околните места каде што разговараме за актуелната состојба со откупот на зимксата зелка.

Ситуацијата е повеќе од алармантна бидејќи зелката се откупува по мизерни 4 денари за килограм, а самата производна цена е 10 денари за килограм. Ланските субвенциите за градинарство не им се исплатени, а исто така се пожалија и за новиот модел на субвенционирање каде што идната година ќе имаат дополнителен проблем во пласманот на овој производ каде што нема да можат да го достигнат онаа минимална количина со која власта ги условува за да ги земат останатите средства од субвенциите.

Ги повикувам Ковачевски и Николовски да излезат на терен, да ги слушнат маките на земјоделците и да најдат решение“, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Најнови вести