понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Димитровски: Ковачевски не го испратил Османи да го види Пендиков, Османи отишол самоволно зошто тогаш бил на скиење во Бугарија

Димитровски: Ковачевски не го испратил Османи да го види Пендиков, Османи отишол самоволно зошто тогаш бил на скиење во Бугарија

Зоран Димитровски, од Демократски Сојуза во неговото гостување во радио Лидер зборуваше за случајот со претепаниот Пендиков каде детално објасни што се премиерот Димитар Ковачевски раскажал што се точно се случило.

-Токму во тој период се погоди да имаме коалициска средба со премиерот Ковачевски, сите коалициони партнери кои имаат пратеници во парламентот. Токму тие денови се случуваше настанот со Христијан Пендиков и премиерот ни раскажа што навистина се случило во тој контекст. Ни кажа дека нашето МВР го расчистило случајот и дека станува збор за тепачка за наркодилерство, за долг од 500 евра и кој што подолго време го барале и дека во таа тепачка имаме елементот на омраза. Кога кажавме дека ЈО поднело за омраза и премиерот тогаш ни раскажа, дека кога се направила полициска истрага, министерот за внатрешни работи се јавил на министерот за внатрешни работи на Бугарија и му го кажа сето тоа и обвинителството ќе истражува понатаму дали има и други мотиви, рече Димитровски.

Димитровски во текот на своето гостување потенцираше дека Ковачевски посочил дела Бујар Османи не бил испратен како владин функционер да го посети Пендиков туку дека Османи бил на скиење во Боровец и паралелно ќе го посетел Пендиков.

-Во тој момент една од присутните го праша премиерот, добро зошто во тој случај го испраќате Бујар Османи во болница во Софија, да го види повредениот, да се извинува и така натаму. Премиерот тогаш ни одговори, не го испративме ние, ми се јави синоќа Бујар Османи и ми рече јас ќе одам во Софија, утре, и го прашал зошто одиш во Софија, па Османи му рекол ќе одам два дена на скијање во Боровец и ќе одам утре во Софија, да го видам Пендиков. Зошто ќе одиш да го видиш Пендиков? Настанот е малку контроверзен, го земаа со авион и така натаму. И добро зошто ќе одиш да го видиш Пендиков, сеуште не е расчистен случајот, имаме полициска истрага во која гледаме дека случајот е за дрога. Па Бујар Османи му рекол знаеш јас се слушнав со Американците, рекоа дека можеби е добро да го посетам заради тензиите да се намалат меѓу двете страни, кажа Димитровски.

Димитровски во врска со ова го посочи следново:

-Посетата на Пендиков од страна на Османи од аспект на дипломатија е ок, но ништо не го оправдува Османи да даде изјава во која што ќе каже таму дека верува на семејството дека дечкото е тепан заради тоа што е Бугарин, а да не се каже и оној другиот момент дека претходно дека имал кривична пријава за наркодилерство.

Најнови вести