понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Кученцето Памук спасено од под урнатините – целото време било до својот газда (ВИДЕО)

Кученцето Памук спасено од под урнатините – целото време било до својот газда (ВИДЕО)

Спасувачите во Хатај, Турција, успешно извлекоа мало куче од урнатините на срушена зграда по катастрофалниот земјотрес што го опустоши регионот на почетокот на овој месец, а целото спасување било снимено на камера.

Видеото на кое се гледа кученцето Памбук, кое поминало 60 часа заробено во урнатините, стана вирално.

Слаткото бело куче трпеливо чекало додека спасувачите го извлекувале од урнатините од каде претходно го извлекле неговиот сопственик, кој веднаш бил пренесен во болница.