недела, 31. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Христова: И новиот владин состав на Ковачевски нема да донесе ништо ново и ќе биде континуитет на криминалот

Христова: И новиот владин состав на Ковачевски нема да донесе ништо ново и ќе биде континуитет на криминалот

Со влегувањето на Алијанса за Албанците нема да се случи ништо во Владата, се се прави од лични бизнис интереси, рече Даниела Христова, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска дебата за разрешување на министри.

Според Христова ова не е начин да се оди напред, да се оди кон ЕУ.

„Ние сме се подалеку од ЕУ, проблемот е во корумпираното судство, ограничувањето на слобода на говор, нефункционирање на систем. А ништо не се прави за да се оди на подобро. Ова не е начин да се менуваат една партија со друга“, рече Христова.

Таа се осврна и на лошата економска состојба.

„Сиромаштијата расте, младите се иселуваат. Дополнително имаме и енергетска криза, а со тоа Ковачевски ги стави сите граѓани во несигурност“, рече Христова.

Но, премиерот Димитар Ковачевски, кажа Христова дека не го интересира ситуацијата и начинот на кој живее народот.

„Тие си тераат бизниси, а Владата е безидејна, конфузна. Политиките кои ги води се криминални, за тоа ако не денес еден ден ќе одговараат. Сега има се во судството само не квалитетна работа и транспарентност. Ниту овој владин состав нема да донесе реформи, ќе биде како до сега со низа матни зделки и криминали“, заклучи Христова.

Најнови вести