недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Брус Вилис не може ниту да зборува: Семејството скршено од болка, а еве кој е секогаш покрај него!

Брус Вилис не може ниту да зборува: Семејството скршено од болка, а еве кој е секогаш покрај него!

Минатата година на Брус Вилис му беше дијагностицирана афазија, болест на мозокот поради која се повлече од актерството, а пред неколку дена семејството на холивудскиот актер ја објави на јавноста вистинската дијагноза – фронтотемпорална деменција.

Целото семејство е максимално посветено на актерот, а сегашната и поранешната сопруга се обидуваат со заеднички сили да го поддржат. Сепак, извор близок до семејството открил дека Брус Вилис полесно од другите го препознава гласот на својата поранешна сопруга, поради што Деми Мур разговара со него секој ден додека неговата состојба се влошува.

-Деми е во постојан контакт со Брус и Ема. Таа ја користи секоја слободна можност да помине време со него. Ако не е со него, му се јавува за Брус да ѝ го слушне гласот. Брус не може многу да зборува и се чини дека многу малку разбира што му зборуваат, рекол изворот, додавајќи дека семејството е свесно дека актерот нема да биде вечно со нив.

Целото семејство е максимално посветено на актерот, а сегашната и поранешната сопруга се обидуваат со заеднички сили да го поддржат.

Изворот откри како семејството се уште се мачи со прифаќање на тажната вест за новата дијагноза, но и за тоа како актерот „се уште е присутен и со нетрпение го чека доаѓањето на своето прво внуче“.

-Семејството го цени секој момент. Тој сака неговиот внук да има среќен спомен на дедо кој бил присутен и активен во неговиот или нејзиниот живот. Тој е цврсто убеден дека ќе го даде најдоброто од себе на бебето. Има денови кога го гледаат стариот Брус, но се ретки. Се чини дека сè повеќе им се измолкнува и им ги крши срцата. Беше болно да се гледа како не успева. На постарите ќерки им недостасува стариот Брус – оној кој ги задеваше за нивните момчиња и им даваше духовити совети, додаде тој.

Најнови вести