понеделник, 11. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Николоски: Неопходни се избори, ВМРО-ДПМНЕ ќе има 61 пратеници по што ќе следи силна влада

Николоски: Неопходни се избори, ВМРО-ДПМНЕ ќе има 61 пратеници по што ќе следи силна влада

Во однос на анкетите, последните истражувања на јавното мислење кои што имаме е дека соодносот помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ како два главни политички конкуренти е некаде повеќе од 2 спрема 1 во корист на ВМРО-ДПМНЕ. Она што е клучно и што на крај дава сила на политичките партии да ги реализираат своите програми е секако бројот на пратеници во Собранието. Се што дискутиравме досега би изгубило смисла доколку ВМРО-ДПМНЕ не добие сериозна референдумска поддршка на следните избори затоа што ВМРО-ДПМНЕ е единствената политичка сила во Македонија која што може реално да ги валоризира желбите и потребите на македонскиот народ и затоа е потребно е да добиеме над 61 пратеник за да не бидеме уценувани од никого, од никакви Арбен Таравари, Али Ахмети, Артан Грби и слични белосветски преваранти, а не е само ВМРО-ДПМНЕ да не биде уценувано, туку да не биде уценувам и македонскиот народ. Сето останато за помали политички партии, гласањето за политички партии кои никако не можат да бидат во позиција да формираа влада е само пат кон катастрофа на македонскиот народ и е пат кон уште поголемо пљачкање на македонскиот народ и давање на шанса на типови како Али Ахмети, Артан груби и Арбен Таравари, политички да преживеат, рече Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во радио Лидер.

Потпретседателот Николоски потенцираше дека мора ВМРО-ДПМНЕ да освои 61 пратеник за да се расчисти со овие криминални структури кои се во власта.

– Мора да освои ВМРО-ДПМНЕ над 61 пратеник за да расчисти со овие структури и за сите кои се огрешија во изминативе години, направија криминал и корупција да си завршат таму каде им е местото, а тоа е на суд, кажа Николоски.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, кажа дека само глас за ВМРО-ДПМНЕ е глас за поддршка на иднината на македонскиот народ затоа што само силна влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ може да го врати достоинството на македонскиот народ, да врати владеење на правото и да ја подобри економијата.

– Само глас за ВМРО-ДПМНЕ е глас за поддршка на иднината на македонскиот народ затоа што само силна влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ може да го врати достоинството на македонскиот народ, да врати владеење на правото и да ја подобри економијата. Има бројки колку овие бандити кои што се сега на власт ја задолжуваат Македонија, а колку во минатото Македонија не била задолжувана, значи има во што да се споредуваме. Сите останати експерименти можат многу да го чинат македонскиот народ и да направат едни трајни штети за кои после повраток ќе нема и поправање ќе нема, додаде Николоски.

Најнови вести