Министерството за надворешни работи на Република Македонија, заради пожарите кои се случуваат во областа Атика, во околината на Атина, препорачува македонските државјани да избегнуваат патувања во тие региони.
-Ги информираме граѓаните дека засега македонски државјани не се обратиле за помош во нашето Дипломатско конзуларно претставништво Атина. Поради пожарите во Грција е прогласена вонредна состојба, информираат од МНР.
Контакт телефонот на Дипломатско конзуларно претставништво на Република Македонија во Атина е 0030 694 474 3071.