понеделник, 11. март 2024. Вести денес: 0
home Живот и стил

Знаци кои покажуваат дека вашето дете е размазано, еве како да го смените тоа

Знаци кои покажуваат дека вашето дете е размазано, еве како да го смените тоа

Родителите често се обидуваат на своите деца да им дадат се што самите никогаш немале, што понекогаш може да доведе до несакани последици, предупредуваат експертите. Од задоволување на основните потреби до активности за градење доверба, како да знаете кога е време да ги сопирате и да поставите граници?

Детскиот психолог Микеле Борба тврди дека иако родителите не сакаат да ги гледаат своите деца несреќни и полесно им е да попуштат, постојаното досадување може да биде крајно штетно на долг рок.

-Заштитувањето на децата од предизвици ги намалува нивните шанси за градење на издржливост што ќе им треба подоцна. Имено, во мојата долгогодишна работа имав можност да видам како разгалените деца растат во претерано попустливи, себични, несреќни и постојано незадоволни возрасни, објаснува психологот, а потоа ги сподели знаците на кои треба родителите да внимават, а кои јасно откриваат дека детето е разгалено:

-секогаш очекува да го добие она што го сака
-не прифаќа „не“ за одговор
-не ги почитува поставените граници
-дрско одговара на родителите и другите возрасни
-никогаш не се задоволува со тоа што го има.

Сепак, детскиот психолог објаснува дека добрата вест е што секој споменат модел на однесување се учи, а со нивното менување се менува и однесувањето на детето.