четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

СИТЕ ИНТЕЛИГЕНТНИ ЛУЃЕ ГИ ИМААТ ОВИЕ КАРАКТЕРИСТИКИ! Дали и вие сте меѓу нив?

СИТЕ ИНТЕЛИГЕНТНИ ЛУЃЕ ГИ ИМААТ ОВИЕ КАРАКТЕРИСТИКИ! Дали и вие сте меѓу нив?

Преку 100-тина корисници на интернет страната Quorа одговориле на прашањето: „Кои се заедничките карактеристики на натпросечно интелигентните луѓе?“.

Некои одговарале од лично искуство, додека други само погодувале.

Погледнете ги 8-те најзастапени одговори од кои, ако се пронајдете, ќе се почувствувате попаметно:

Интелигентните луѓе се поприлагодливи

Неколку корисници рекле дека интелигентните луѓе се пофлексибилни и поснаодливи во различни ситуации. Според зборовите на Дон Хамет, интелигентните луѓе се прилагодуваат „покажувајќи што може да се направи без оглед на компликациите и препреките поставени пред нив.“

Новите психолошки истражувања ја потврдуваат оваа идеја, покажувајќи дека интелигенцијата зависи од способноста на менување на нашето однесување поради прилагодување на средината или правење промени во истата таква средина.

Тие разбираат колку работи не ги знаат

Паметните луѓе се способни да признаат дека не се запознаени со одредени работи. Џим Винер пишува дека интелигентните луѓе не се плашат да кажат „не знам”. Сѐ што не се знае може да се научи.“

Тоа го потврдуваат и истражувањата на Кругер и Денинг кои велат дека: „Колку луѓето се помалку интелигентни толку повеќе ги преценуваат своите способности“.

Имаат огромна љубопитност

Како што рекол Ајнштајн: „Јас немам специфични таленти, јас сум само страсно љубопитен.“ или како што рекол Кејзурбур Алас: „Интелигентните луѓе си дозволуваат себеси да се фасцинираат од работите кои останатите ги земаат здраво за готово.“

Истражувањата од 2016-та година покажуваат дека постои врска меѓу детската интелигенција и отвореноста за нови искуства кои ја опфаќаат интелектуалната љубопитност во возрасниот човек.

Имаат отворен ум

Паметните луѓе не се затвораат пред новите идеи и можности, туку се подготвени да прифатат друго мислење и отворени се за алтернативни решенија. Во исто време, паметните луѓе се внимателни во тоа кои идеи ќе ги усвојат, а кои не.

„Интелигентниот ум има јака аверзија кон прифаќање на работите здраво за готово и поради тоа го задржува своето верување, сѐ додека не бидат претставени нови идеи со доволно докази. “ – вели Алас.

Тие сакаат да бидат сами

Ричард Хе вели дека високо интелигентните луѓе се индивидуалисти. Интересно, последните истражувања покажуваат помало задоволство отколку поголемиот дел од луѓето кои се социјализираат со своите пријатели.

Имаат висока самоконтрола

Зохер Али вели дека паметните луѓе се способни да го совладаат бесот така што планираат, поставуваат цели, истражуваат алтернативни решенија и размислуваат за последиците уште пред да започнат.

Исто така, научниците покажуваат врска меѓу самоконтрола и интелигенција.

Во едно истражување од 2009 учесниците можеле да одбираат меѓу 2 парични награди – помала исплата веднаш или поголема исплата по одредено време. Оние кои избрале одложена исплата, дополнително на тестот на интелигенција покажале подобри резултати.

Истражувачите рекле дека еден дел од мозокот – предниот префронтален кортекс – може да игра улога во помагање на луѓето да решат тешки проблеми и да покажат самоконтрола додека работат на исполнување на целите.

Тие имаат подобра смисла за хумор

Адвита Бихани заклучила дека интелигентните луѓе имаат одлична смисла за хумор. А, и експертите се сложуваат со неа. Така, едно истражување покажало дека професионалните комичари имале повеќе бодови во тестот на вербална интелигенција.

Интелигентните луѓе се чувствителни на туѓите искуства и имаат емпатија

„Паметните луѓе скоро можат да почувствуваат што другите мислат и чувствуваат.“ – вели Хе. Некои психолози ја аргументираат оваа теза така што велат дека емпатичноста, што значи да се биде приврзан кон потребите и чувствата на другите и да се однесува во склад со тие чувства, значи поголема емоционална интелигенција.

Тие луѓе се позаинтересирани за разговор со непознати луѓе и сакаат да научат нешто повеќе за нив.