петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Николоски: Нема ништо антиалбанско во тоа што се фатени во криминал

Николоски: Нема ништо антиалбанско во тоа што се фатени во криминал

ВМРО-ДПМНЕ објавува за корупција и криминал на Артан Груби и ДУИ, тие одговараат ВМРО-ДПМНЕ е антиалбанска партија. Нема ништо антиалбанско во тоа што се фатени во криминал. Ние објавуваме криминал кај Артан Груби, тие мене ми ставаат зборови во уста кои не сум ги кажал, дека јас сум повикувал на војна, истакнува потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

Вели дека нивниот одговор е многу едноставен и јасен.

Одговорот доаѓа и преку неколку текстови на новинари Албанци на кои очигледно им е јасно што се случува кои велат„немојте да зборувате дека ВМРО-ДПМНЕ е антиалбанска партија кога ви го вади криминалот и корупцијата“. Криминал и корупција нема ништо со антиалбанство, напротив тоа е во корист на народот. Деновиве водат црна кампања против мене, знам дека многу ги боли тоа што криминалот и корупцијата им го вадиме. Уште повеќе ги боли тоа што за мене ништо немаат што да извадат, затоа што нема ништо за мене е најдобра потврда за тоа е изјавата која ја даде Арбен Таравари кој вели „да го прашам Николоски зошто во прислушуваните разговори од 2015 година него го нема“. Затоа што не сум правел тоа што не треба, затоа ме немало. Сум гледал да работа чесно и одговорно, затоа што за разлика од Таравари јас куќа на подарок не сум добил.

Тој истакна дека после промената на изборите војна ќе има, но против организираниот криминал и корупција.

Најнови вести