вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

ФОТО: Лавицата Тахома нов жител на Зоо Скопје

ФОТО: Лавицата Тахома нов жител на Зоо Скопје

Зоолошката градина Скопје оваа зима стана дом на уште еден жител, а тоа е лавицата Тахома која дојде од ЗОО Мунстер, Германија.

-Периодот на прилагодување во внатрешното живеалиште заврши а сончевото февруарско време е одличен услов таа полека да се навикнува на надворешната средина. Денешната кратка прошетка ја забележавме низ нашиот објектив.

Будно ќе ја следиме нејзината приказна во ЗОО Скопје а веруваме дека Тахома ќе стане миленичка на нашите посетители, велат од скопската Зоолошка градина.