сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ѓорѓиевски: Владата избрза со одлуката за цената на лебот, компаниите ќе анализираат дали можат да го издржат тој удар

Ѓорѓиевски: Владата избрза со одлуката за цената на лебот, компаниите ќе анализираат дали можат да го издржат тој удар

Во вторник ќе се замрзне цената на лебот и нема да биде над 33 денари и за белиот и полубелиот леб. Ова е само прв чекор од производите наведени во одлуката на Владата. Ќе следат и нови одлуки за замрзнување на цените. Се прават анализи за тестенините и тие средства ќе се користат за укинување на некои давачки, изјави на денешната прес-конференција Министерот за економија Крешник Бектеши.

Цените, како што појасни Бектеши, нема да се зголемат по завршување на мерката, освен ако се зголемат цените на суровините и тогаш може да има нагло покачување на цената.

Од Агробизнис комората не се согласуваат со одлуката за замрзнување на цените. За Сител велат, неизвесно е како фурните ќе се справат со трошоците, па можно е или да стават клуч на врата или рафтовите во маркетите да ги остават празни.

-Секоја од компаниите ќе си направи внатрешни анализи, ќе си утврди дали може да го издржи тој удар, како би се однесувало за трошоците кои ги има за самото производство и согласно тоа, сама ќе си заклучи секоја од компаниите што би правела во иднина. Можни се сите опции, не би можел сега да искоментирам  што би се случувало конкретно во блиска иднина, Меѓутоа, сметам дека требаше посериозно да се разговара, да не се брза со вакви одлуки, рече сопственикот на „Специјал“, Горан Ѓорѓиевски кој е претседател на Агро-бизнис комората при Сојузот на стопански комори на Македонија.

Целиот прилог на Сител, погледнете го во продолжение:

 

Најнови вести