недела, 3. март 2024. Вести денес: 0
home Познати

ПОЧИНА БРАТОТ НА МАДОНА: Со години живеел на улица и се борел со пороците, а еве што зборуваше за својата славна сестра

ПОЧИНА БРАТОТ НА МАДОНА: Со години живеел на улица и се борел со пороците, а еве што зборуваше за својата славна сестра

Најстариот брат на Мадона, Ентони Чиконе, почина на 66-годишна возраст, пишува Дејли Мејл и наведува дека тој и сестрата на познатата пејачка со години живееле на улиците на Мичиген, борејќи се со алкохолизмот.

Сопругот на сестрата на Мадона, Мелани Чиконе, музичарот Џо Хенри, вчера на Инстаграм ја објави следнава изјава:

– Мојот зет Ентони Џерард Чиконе почина минатата вечер. Го познавам од мојата 15-та година, толку години поминаа од пролетта на нашите животи во Мичиген.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Joe Henry (@joehenrymusic)

Џо Хенри спомна дека многу го сака Ентони и го разбира подобро од кој било, повеќе отколку што понекогаш сакаше да признае, пишува extratv.com.

Тој нагласи дека Ентони сега е со својата мајка, која ја загуби битката со ракот во 1963 година на 33-годишна возраст. Ентони имаше долга борба со алкохолизмот, што беше јавно документирано кога пред повеќе од 10 години беше објавено дека живее под еден мост во Мичиген и дека неговото семејство престанало да му помага.

Во 2017 година „Дејли мејл“ напиша дека Ентони успешно завршил еден вид програма за рехабилитација и се вратил дома кај своето семејство.

Братот на Мадона бил во судир со законот, а во 2013 година бил повреден откако дал отпор при апсењето во јавен тоалет.

Ентони Чиконе јавно ја обвини својата сестра Мадона и другите членови на семејството дека го напуштиле.

 

Најнови вести