петок, 22. декември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Девојче болно од леукемија имаше една скромна желба: Тогаш Лука Модриќ ја покажа својата големина како човек (ФОТО)

Девојче болно од леукемија имаше една скромна желба: Тогаш Лука Модриќ ја покажа својата големина како човек (ФОТО)

„Поради такви храбри навивачи како што си ти ние секогаш даваме се’ од себе. Ти благодрам што си била со нас! Суба и Шиме многу ја поздравуваат твојата сестра, Вида твојата мајка, а јас тебе ти испраќам најмногу поздрави и прегратки“, пишува Лука Модриќ.

Откако минатата недела 24сата.хр објавиле писмо на малечката Селена (5) кој е болна од леукемија, во кое наведува дека единствена желба и е Лука Модриќ да и одговори на писмото, пристигнал и одговорот на Модриќ кој ХНС го објавил на својата страна на Фејсбук.

Покрај писмото, Модриќ, на малечката Селена и испратил и дрес од хрватската репрезентација.

„Драга Селена,
Го добив твоето преубаво писмо кое многу ме израдува. Како што ти навиваш за мене и за Хрватска, така и ние играчите навиваме за тебе. Поради таквите храбри навивачи како што си ти, ние секогаш даваме се од себе. Ти благодарам што си била со нас! Суба и Шиме многу ја поздравуваат твојата сестра, Вида твојата мајка, а јас тебе ти испраќам најмногу поздрави и прегратки. Од срце, твој Лука Модриќ“.

Селена веќе три години се бори со акутна лимфобластична леукемија која и зафатила 98 отсто од телото, а има само две желби. Една е потполно да оздрави, а другата и била идолот Лука Модриќ да и одговори на писмото и да го угости на пикник во својот дом.

Откако ја восхитил на Светското фудбалско првенство во Русија, веќе напишала неколку десетици писма. Му пишувала секој ден.

„Драг Лука, писмото го пишува мојата сестра бидејќи јас сум се уште малечка па не знам. Имам само 5 години. А кога ќе дојдеш ти кај нас? Еден ден ќе те однесам на пикник..“ пишува меѓу друго малечката Селена.

Инаку, Селена е родена на 31. јануари 2013. година како потполно здраво бебе. Убаво напредувала со постарата сестра и помладиот брат. Есента 2015. година сите тројца била настинати, но Селена после антибиотиците не се опоравила.