Aктерката Кортни Кокс ја доби својата ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд.
На откривањето на ѕвездата, таа беше придружувана од своите колешки од „Пријатели“ Џенифер Анистон и Лиза Кудроу.
Кокс глумеше како Моника Гелер десет сезони во хит хумористичната серија која првично се емитуваше на телевизиската мрежа NBC од 22 септември 1994 година до 6 мај 2004 година.
Приказната за шест 20-годишници во Њујорк беше една од најпопуларните ТВ серии во 1990-тите, а подоцна се најде на платформите за стриминг, каде што е една од најгледаните серии во светот.
-Ова е навистина надреално бидејќи јас сум од Бирмингем, Алабама, а единствениот пат кога ќе го видите вашето име на тротоарот е ако сте го направиле сами со стап во влажен цемент, се пошегува Кокс на церемонијата.
Кокс стана 2.750-та личност што ја добила оваа чест, а нејзината ѕвезда е на само неколку метри од онаа на Анистон. Двете ѕвезди се во категоријата телевизија.